Casa Batlló е зграда која е изградена во 1877 година и се наоѓа на улица 43 Passeig de Gracia дел од Illa de la Discordia во областа Eixample, Барселона Шпанија.

Денешниот изглед го добила во 1904-1906 година кога била обновена од страна на познатиот архитект Antoni Gaudi.

 

Оваа градба е позната по нејзиниот необичен изглед на фасадата која е направена како мозаик од кршени парчиња стакло и керамички плочки а оградата на балконите е во форма на коски. Отаму доаѓа и нејзиното име “Casa dels ossos” или “Куќа на коските”.

Постои теорија дека кровот го симболизира култот на Свети Горѓија па затоа е изграден како грб на огромно животно, змеј.На кровот има и мала купола со крст која преставува копјето на светецот во моментот кога било забодено во змејот.

Зградата  има површина од 5000 метри кавдратни и се состои од приземје, главен кат со двор, четири самостојни ката и покривна тераса.

Во минатото куќата била во сопственост на Josep Battló, а денес е музеј отворен за посетители.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМанипулатор | Jill Greenberg
Следна објаваРеалистични тетоважи | Bob Tyrrell
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР