Скоро 15 години Jill Greenberg се потпишувала под името “Mанипулатор”.

Идејата за името и доаѓа од германски културен магазин (познат во 80 години на минатиот век особено во поп културата) чии постерите за време средношколски денови ги украсувале ѕидовите на нејзината соба.

Во почетокот на нејзината кариера таа сликала и со компјутерска обработка го добивал крајниот резултат па оттаму и идејата таа да биде манипулатор.

Денес веќе не се потпишува под тоа име бидејќи нејзината работа е повеќе концентрирана на портрет фотографии(во последно време особено портрети на животни).

Во 2006 година во нејзиното дело End Times прави фотографии на деца кои плачат и така станува предмет на критика од страна на Христијанските фундаменталисти и администрацијата на Bush. Таа била осудена за методот кој го употребила за да ги натерала децата да бидат во грч и да плачат.

Соработувала со многу познати брендови,списанија, како и имиња од шоу бизнисот (Microsoft, Polaroid,  DreamWorks Pictures, Paramount, Tom Cruise, Gwen Stefani , Lindsay Lohan и други).

Има издадено три книги: Monkey portraits и End times во 2006 година и Bear portraits во 2009 година.

Нејзината работа била преставувана на многу групни и самостојни изложби при што била добитник на многу награди и признанија: American Photography(2006, 2007, 2009, 2010 година), Digital Imaging( 2009, 2010 година) и други.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХаски сафари | Повик на дивината
Следна објаваCasa Batlló | Куќа на коските
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР