Ако има едно нешто што читателите ширум светот ќе се согласат за Џенифер Лоренс, тоа е дека таа има страшно брилијантни тематски идеи – иако Сезоната на Еден може да содржи суштина која е општо непријатна, Лоренс ја презентира истата на начин на кој читателот не ја исклучува од свои преференции. Еден со своите 18 години е обично необична средношколка, најпопуларна во училиштетот, богата прекрасна. Додека Џејмс, нејзиниот професор е само 4 години постар од неа. Еден се чини дека има совршен живот, но само наизглед: внатре, таа тоне во својата самотија и е уморна од нејзината драма во училиште и дома.

Тој е мојот професор. Јас не би требало да останувам насамо со него. Но, не можам да си помогнам со помислата дека тој е апсолутно неодолив“.

Кога новиот професор, г-дин Џејмс Кристијан ја почнува наставата во нејзиното одделение, Еден во делот од секундата паѓа на неговиот шарм, страста кон музичката уметност и неговата евидентна младост и елан. Без оглед на неговото закржлавено чувство за мода, Со базични примеси на флерт во времетраење од часот, континуиран контакт со очите и барање прилика за разговор, таа успева да забележи дека е повеќе од можно истото да се случува и со него – нивната невина релација ученик/професор наскоро ќе се изгради во нешто што Џејмс не може да го замисли ниту во своите најлуди соништа… Месеци по матурирањето, тој е тој што иницира средба и ја води кон нејзината најголема животна промена.
Еден потсетува на „го сака она што не може да го има“ карактер. Но, како што приказната го доживува својот напредок, таа почнува да ја ужива афекцијата на нејзиниот професор и покрај нејзината детинеста тврдоглавост, со акцентирање на нејзиниот бунтовнички шарм и храброст. Колку и Џејмс да знае дека Еден е неговото забрането овошје, од динамиката помеѓу рајот и пеколот, деталноста на суптилната промена на нивниот однос во текот на романот не учи дека дека кога е љубовта во прашање, системот на норми и санкции е апсолутно непознат на таквата вонземска сила – дадениот конфликт на општествените сили сам по себе ја обликува приказната.

„Зарем немаш момче?“
Се шокирав и ја потресов главата. „Тоа ме изненадува“, рече тој.
„Затоа што изгледам како девојка која што има момче покрај неа?“ – директно прашав.
„Не,“, тргна кон прозорецот додека јас го следев со погледот – „во моето искуство, убавите девојки секогаш биле зафатени.“.

„Сезоната на Еден“ е сума сумарум, една божествена современа приказна, приказна за забранетата љубов внатре во општествениот регулаторен систем, која Лоренс од базично тешка и незгодна тема, ја прави примамлива и пријатна за читателот. Трансформацијата која во градативниот тек на созревањето извира од искрена, но стартно осудена на пропаст, љубов не може да кулминира и заврши како тотален неуспех.

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Car Sweet Home
Следна објаваAccessorize | Модни додатоци за оваа есен/зима
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР