Директно од авторката чиј спој на митологија и модерен егзистенцијализам не воодушеви преку „Игра со ѓаволот“, доаѓа една тематски слична приказна чија суиштина ќе остане долго и долго запечатена во импресиите на читателот. Тргнувајќи од ставот на Данте дека „законот на џунглата гласи: предадените ги јадат своите предавници“, во законот на Кенион, изречено преку нејзиниот Црн Ловец Зарек, „законот на нивната џунгла е: убиј ги сите и препушти ги на Хад“, се до оној момент кога главниот анти-херој на „Бакнеж во ноќта“ Вулф ќе се заљуби во Касандра, девојката која тој има аманет да ја убие.

Повлекувајќи корени од древните Викинзи, Вулф е воин кој во секоја смисла и оди во прилог на Артемида, божицата-креатор на ваквите натприродни суштества не успева да ја оттргне клетвата која тој ја носи со себе: секој што ќе го запознае го памети само пет минути, додека останатото се препушта на отежнувачка амнезија. Поради ваквата проклета особина, Вулф се наоѓа неспособен да љуби и да биде љубен, да оствари вистинска форма на пријателство или во крајна линија, да остане во добри односи со оние кои ги запознава. Единствените кои се изолирани од ова зло се неговите колеги-ловци, неговото семејство и припадниците на сосема спротивно племе, Аполити.
Племе кое е негов таргет.
Запознавајќи се со високата, самоуверена и прекрасна Касандра, тој во инстант се заљубува во неа, во инстант жали што таа ќе го заборави веднаш штом му сврти грб во њујоршката дискотека, но по волја на судбината, таа го памети бакнежот кој тој и го подари таа ноќ и утредента, денот после утре и сите други денови потоа! Причината за овој несфатлив факт лежи во тоа што Касандра е потомка на гореспоменатото проколнато племе, племе кое своите женски припадници ги осудува на смрт на денот на нивниот 27ми роденден. А тој ден полека се наближува за Касандра…

За некои бакнежи вреди да се живее“, за некои личности вреди да се помине преку се – Вулф, иако по вокација е предодреден да и го одземе животот пред таа да наполни 27 години, тој од петни жили прави се за да ја заштити и да го симне проклетството од нејзиниот грб. И како што заразното навлекување на овој жарн е сосема оправдано, само ќе се задржиме на следново: „Времето нема значење за срцето„… единственото чие што значење останува за навек е возвратената изворна емоција и нејзиното валоризирање во практика.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНештата со душа
Следна објаваЖивотински инстинкт | Cristina Otero
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ