Музејот Лувр

Лувр е денес еден од најпознатите светски музеи како по својата архитектура, така и по содржините на своите поставки. Приказната на Лувр започнува во 1190 година, како замок на кралот Филип II и тврдина која ја штити западната страна на  Париз од напади. Низ вековите и годините претрпувал повеќе архитектонски и наменски промени, а секој од владетелите на Франција имал свој дел во сето тоа, при  што се придонело  во создавањето на денешниот музеј. Официјално како музеј започнува да функционира за време на француската револуција, кога Народното собрание решава дека ремек делата на нацијата треба токму тука да бидат изложувани.

Денес палатата е огромен коплекс на крила и павилјони на четири главни нивоа кои во текот на годините биле градени , доградувани, реставрирани итн.Комлексот зафаќа 40 хектари и се дели на два дела кои имаат четириаголни форми: Стар Лувр со средновековни и ренесансни павилјони со крила околку  Плоштадниот двор (Cour Carrée) и голема галерија; и на Нов Лувр со павилјони и крила од 19 век. Лувр е препознатлив и по Клоуд Пераулт фасада (според архитектот Claude Perraul) и преставува ремек дело на францускиот архитектонски класицизам со малку барокни елемнти  и други елементи утврдени според античкиот римски архитект Витрувие(колонадата од коритски столбови). Во 1983 година францускиот претседател Франсуа Митеран го предложил планот Големиот Лувр со што зградата била реновира а во центарот поставена стаклена пирамида која била изработена по планот на американскиот архитект И.М. Пеи. Поставена е во 1988 година, иако на почетокот контроверзно прифатена, но сепак станува белег на француската архитектура. Втората фаза на  планот Големиот Лувр е Превртена пирамида и е завршена во 1993 година. Таа е светларник во подземен објект пред Лувр свртен наопаку.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР