je-reviens-te-chercher-MUSOНајлошата работа која може да му се случи на млад капацитет е безволното отстапување од сопствените амбиции од егзистенцијални причини, неретко поврзувајќи ја сопствената несреќа со судбинска детерминација која наместо големо остварување на интелектот ветува статус на градежен работник, скромен живот покрај првата љубов, многу деца и целосно отапување. На свои 23 години… „често ја сретнуваме судбината, во оние патишта на кои тргнуваме со цел да ја избегнеме“… Итан ја напушта дотогашната животна маршута со долгорочен завет од 15 години, кога тој ќе се појави на насловната на NY Times, олицетворен во успех и богатство.

Таму каде што има љубов, нема простор за темнина…

Едно сосема регуларно утро, исполнето со мамурлак и непозната црвенокоса во креветот, од животот на Итан (кој се случува да биде еден од најбрилијантните психо-терапевти на Менхетен), добива покана за свадба од Селин, единствената жена што некогаш ја љубел, а ја оставил поради дадениот примат на кариерното достигнување на врвот. Тоа е покана за нејзината свадба.

По неочекуван сплет на околности, веднаш по завршувањето на неговото гостување во Добро утро, Америка, каде тој говори за т.н „точка без враќање“ (и каде притоа доаѓа до идеја тоа да биде повод за нова елаборација на некој од неговите семинари или психолошки книги), се враќа во својата ординација за да биде директен сведок на едно самоубиство, материјализирано од страна на 14 годишна девојка, имено Џеси која тој одби да ја сослуша. До крајот на денот го следат турбулентни и маркантни случувања кои резултираат со негово убиство содржано во 3 куршуми, акт при кој Итан умира без да го види лицето на својот убиец. „Мора да живееме и љубиме како да не постои утре. Ние секогаш мислиме дека имаме доста време за трошење, но тоа не е вистина. Еден ден, сфаќаме дека сегашноста не довела до точка без враќање, точка која означува дека е доцна да се вратиме назад. Во тој момент, ние сфаќаме дека сме ја изгубиле шансата… “Следното утро, очекувајќи форма на егзистенција на душата после смртта, тој повторно се буди во истите услови.

Добива нова шанса, нови 24 часа!
Итан, Селин, Џеси.
Еден човек, една жена, едно дете.
Три лица на работ од бездната: ќе се сретнат, ќе се уништат, ќе се поврзат меѓусебно за навек…

И покрај својот современ тон при третманот на оваа паранормална новела, инспирацијата на Мисо ја наоѓаме во митологијата – она што дефакто му се случува на Итан, е всушност, материјализација на митот за Сизиф, проткаено со белези на мачењето на Прометеј. Покрај тоа, преку гласовите на две спротиставени карактери може да научиме многу за двете визии на човечката состојба, едната која се залага за веќе одредените патишта, а другата која верува во силата на изборот, случајностите. Оваа живописна мистерија која во својот центар љубоморно ги крие најдлабоките човекови вредности и повеќе од мора да ги добие своите 5 минути внимание во сечие секојдневие.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Непоканет гостин
Следна објаваТанц на "Uptown Funk" на лента за трчање
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ