Hotel de Glace – хотел од мраз (Канада)

Лоциран на само 10 минути од центарот на Квебек, хотелот Hôtel de Glace е атракција која мора да се види бар еднаш во животот. Единствен вo Канада, секоја зима овој хотел привлекува голем број посетители, а се смета дека од отварањето во 2001 година до сега, посетен е повеќе од половина милион туристи од целиот свет. Со своите огромни снежни ѕидини и кристални скулптури од мраз, Hotel de Glace импресионира со својот совршен декор. Хотелот е замисла на Jacque Desbois, кој откако прочитал напис за првиот хотел од мраз во Шведска, направен за прв пат во 1996 година, одлучил и тој да направи едно вакво импозантно уметничко дело. Оттогаш хотелот е посетен преку 700 000 пати, а најхрабрите (околу 30 000 посетители), го доживеале и искуството да преноќат во овој хотел.

Како се гради овој хотел?

Изградбата започнува на почетокот на Декември, веднаш штом температурата падне под нула. Во период од шест недели, околу 50 луѓе неуморно работат на подигање на сезонскиот хотел. Околу 30 од нив се фокусирани на изградбата на хотелот, а останатите прават скулптури и се грижат за декорот. Снегот од кој се гради овој хотел е вештачки, произведен со компресори, бидејќи природниот снег е многу сув. Хотелот има добра изолација, а температурата во неговата внатрешност е постојано меѓу -3 и -5 степени, иако надвор може да биде и многу пониска. Оние кои остануваат да преноќат спијат на кревети направени од снежна база, над која се поставени душеци и вреќи за спиење. Препорачливо е да бидете што е можно потопло облечени. Исто така во хотелот има атрактивни бањи и сауни на отворено, со топла вода и поглед кон ѕвездите.

Искуство кое нема да го заборавите.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФантастични фото манипулации | Marilyn Bouchard
Следна објаваШто не грее кога е ладно?
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР