71sLCLA7wgLШто би се случило доколку неочекувано, љубовта Ве пронајде во сосема необичен формат, ординарно време и практично отелотворена во комплетна спротивност од Вас?  Во Рим, како и во секоја друга метропола во светот, младите сакаат да лудуваат, да го живеат животот со полна пареа, да дишат во ритамот на адреналинот. Секој еден од нив со своја пасија, свои амбиции и своја очекувана ранливост кога ќе се вљубат, ни препорачува Федерико Моча во својот прв роман кој иманентно го прослави на артистичката сцена, величајќи ја љубовта.

Девојките како Баби го негуваат својот стремеж за успех на училиште, светот им се врти околу последните модни трендови, страстите растат кон момците кои ги красат насловните страници на нивните омилени списанија, а потајно, таквите девојки се подготвуваат за исконска средба со вистинската љубов.

Момците како Степ препочитаат брзина, насилство,разговори и дејствија обликувани во безобразие, сите форми на ризик и дружење по банди со мотори, енклавично склопени по римските агли и мазни улици.

Но, секој еден од нив се директно или индиректно вклучени во животот на оној другиот, иако им припаѓаат на апсолутно спротиставени светови и преферираат крајно различни нешта, сепак, меѓу нив ќе се роди нешто заедничко: искрена љубов која ќе се вгнезди во нивните срца и ќе им го промени темпото на живот кои дотогаш ги карактеризира. Иако таквата љубов родена надвор од сите правила и се заканува оспорување од страна на нивните опкружувања и борба истата да се загуши, се перцепира под надежен агол дека истата ги поминува сите пречки и на тој начин станува навистина непобедлива – Баби и Степ застануваат како современи Ромео и Јулија во срцето на Рим: сценарио што се чини дека е создадено за љубов.

Баби станувајќи се’ посилна карактерно ја открива својата забавна страна престанувајќи да биде модел за однесување во приватното училиште каде што притоа, е ѕвезда, додека Стефано, односно Степ барајќи некому што може да му верува, сета надеж ја положува во неа за таа да стане неговиот херој и да го смири во светот на насилство и злоба. Двајцата заедно формираат несекојдневен монумент во светот на љубовта, вербата и надежта, славејќи го безвременскиот идеал да се најде својата половина во светот кој преферира да егзистира под маски.

НЕМА КОМЕНТАРИ