Напишан на свој изразено блескав начин, приказната на Оскар Вајлд за модерниот млад човек кој ја продава својата душа за вечна младост и убавина е софистициран, но суров роман за суетата, несериозноста и цената на грешките.

Arkham cover D final

Но убавината, вистинската убавина завршува во оној момент кога интелектуалниот израз почнува. Интелигенцијата сама по себе е начин на претерување, по автоматизам ја уништува хармонијата на сечие лице

– приказната за морална дезинтеграција на еден човек по име Доријан Греј предизвикува скандал веднаш по своето појавување во 1890 година, за подоцна да извојува судска победа поради своите хомосексуални побуди и прашањето на моралната дилема.

Што би направиле доколку имате диреткно инволвирање во некое лошо дело што сте го направиле? Дали би го сокриле на место каде никој би немал апсолутен пристап? Што би направиле за да ја сочувате својата мрачна тајна ако некој ненамерно ја открие?  По читањето на Вајлд, размислете што би одговориле… Бујна и опоменувачка сторија за животот на измамата или љубовниот портрет на естетски импулс каде е илустрирана неконтролираната страст на уметникот Басил Халвард, завршувајќи го своето последно дело, последен портрет на млад и навистина атрактивен човек. Но, можеби и двете?

Уметникот треба да создаде убави нешта, но не и да ја стави својата приказна во истите“,

вели Басил, притоа одбивајќи да го открие идентитетот на младиот Греј на лорд Хенри. Привлечен од пакосниот ум на стариот лорд, Доријан прави големи скокови во животот во суштина на крајна перверзија и различни гревови – неговиот живот се претвора во вртлог на секс, лаги, убиства и криминал. Но за целото времетраење на неговите масивни грешки, Доријан не добива ниту една единствена бора на своето лице или здравје, додека неговиот портрет константно старее. Кога Доријан ќе сака да се откаже од договорот и да ја врати својата душа назад, судбината ќе презентира други планови.

Вајлд, единствениот човек на светот кој нејасно наликува на Греј, говори со црна смисла за хумор, ироничен поглед на суетата и супериорните желби да се надмудри животот. Греј е човек кој ја продава својата душа за подоцна да биде уништен од сопствената убавина и младост преку необјаснива моќ на портретот да ги трпи сите негови гревови и пороци. Духовитиот сарказам на Вајлд доаѓа во полн сјај кога ја објаснува опасноста за душата, ако не се почитуваат основните морални начела. Но сепак, ова не е морална приказна: ова е жестока и неочекувана изложба на грдата страна на личноста која е заспатена во секој еден од нас, карактеристика која ја имаме по природа, а не по избор. Богатството, убавината и вечната младост се сигурна карта во еден правец директно кон пеколот, порачува Вајлд. Просто човек да посака да остари мирно и нормално.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГледајте ги сите 26 епизоди наеднаш за да ги мразите уште повеќе
Следна објаваПредлози за празнична шминка
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ