13_33_59_12__19__182_2013bogorodicnata crkva,,Во текот на целиот живот на еден мудар човек, неговата судбина ја држи неговата филозофија во состојба на опсада.”

Оригинална и динамична покриеност на ентузијачката уметност во форма на врвно архитектонско достигнување стационирано токму во срцето на Париз – приказна за деформираниот ѕвонар, скриен во највисоките маргини на познатата катедрала како ѕвер, засолнат од осудувањата и презирот на народот во сводовите на готските кули, осуден на доживотна самотија. Како да е криминално дело да се родиш различен од мнозинството… а во инат на истото, тој означуваше редок репрезент на човечност и нежност.

Сето тоа во вечна благодарност кон неговиот спасител, свештеникот Клод Фроло, кој го спасил од сигурна смрт додека Квазимодо бил сеуште бебе и во текот на целиот негов живот несебично му пружил дом и татковска љубов. Но, всушност, во телото на свештеникот лежи демонска душа, која во содржината на една судбинска вечер ги протерува локалните Цигани директно во нивна смрт и е директно инволвиран во несаканата смрт на мајката на кутрото деформирано суштество непосредно пред очите на Нотр Дам…! Комплексната и мрачна поврзаност помеѓу овие два антоними од ликови го повлекува драматичниот заплет на овие безвременски страници – Квазимодо, по волја на судбината спасува една фатална Циганка од Париската жандармерија, танчерката Есмералда, која е обвинета за вршење магија и богохулење низ улиците на Париз. Темните и блескави очи на девојката која се засолна меѓу ѕвоната на Квазимодо и помогнаа да се извлече од злосторот кој не го извршила, а кој и се закануваше со бесење.

Само еден човек поседуваше храброст да ја спаси: Квазимодо. Прогонета поради бесниот разврат кој Фроло го чувствува кон неа, неговиот бес се пренесува и кон Квазимодо.

Сензационалниот Иго сугестивно ни го презентира средовековниот Париз, ги оплакува интригантните ликови и ги осудува јавните егзекуции. Ако оваа книга не се чита со ум, читателот би доживеал разочарување, бидејќи нејзиниот вистински обем ги третира човечните аспекти на спасување ни величање на доблестите: не постојат совршени ангели во неа, истите може да бидат забележани само во камената структура на Норт Дам; не постојат ниту совршени демони во неа, постојат само негативни индикации кои завладеале со луѓето. Сплетот на околности од судбински карактер послужуваат како адекватна подлога за креирање на извонреден класик кој подоцна доживува свои бројни екранизирања кои на свој начин ја модификуваат структурата на литературната содржина, притоа предизвикувајќи различна катарза кај секој примател на истата. Ова е роман кој се чита поради храна на душата, а не поради литературна анализа.

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 нови трендови на костими за капење
Следна објаваНајубавата шминка и фризура на Канскиот фестивал
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ