дали ме чекашНеретко, се среќаваме со содржина на книга која хипнотизирано го држи вниманието на читателот првично поради својата турбулентна градација на настани, а следствено на тоа поради својата тематика. Овој пат, господинот Мисо третира тема поврзана со патувања низ времето, објаснето преку шишенце златни пипули подарени во знак на благодарност на афирмираниот (и веќе 60 годишен) хирург на неговиот последен професионален престој во Камбоџа.

Секој од нас барем еднаш во животот се има запрашано што би се случило доколку постои можност да се вратиме назад, да го промениме дејствијата кои ни донеле зло во животот? Ако сето тоа што ме го проживеале, болката, каењето, страдањето… да биде избришано по наш избор?
Елиот добива токму таква можност.
„ – Тато?
– Не, Елиот, јас не сум твојот татко.
– Па тогаш, кој сте Вие?
Човекот ја стави својата рака на неговото рамо. Познат сјај засветка во неговите очи. Тој делуваше како да се двоуми неколку секунди пред да одговори:
– Јас сум, ти, Елиот…
Направи еден чекор назад пред да замрзне во место, со вџашеност.
Стариот човек ја заврши својата реченица:
– … јас сум ти, по триесет години.“

Како успешен раководител на хируршката клиника во Сан Франциско, како успешен самохран татко на светилникот на неговиот живот – Енџи и како успешен конзумер на цигари, на Елиот му е дијагностициран рак кој не му ветува повеќе од неколку месеци живот. Целиот свој живот тој го измина во вечно каење поради загубата на единствената жена која што некогаш ја сакал, Илејна, која умрела исто како што и живеела: по свој избор, во наплив на адреналин, меѓу своите орка-китови. На среќа, за целото тоа време тој до себе има еден вистински пријател, французинот Мет, кој ги исполнува неговите самотни денови откако Енџи замина да студира во Њујорк. Но последната посета на Камбоџа означува друго нешто, му се пружа можност за последен пат да се сретне со својата љубена… Елиот се враќа во лудите 70ти кои го заробија Сан Франциско, низ неколку посети предизвикува главоболки, адреналински шокови и пореметувања во текот на настаните: Елиот од 2006 не смее да му каже на Елиот од 1976 што се случува во иднината, освен можеби, начинот да се спаси Илејна…

Необичната парабола која Мисо ја поставува лице во лице со истиот човек, со разлика од 30 години делува снимање со две камери истовремено – интензивниот подвиг на овој роман кој главниот лик се обидува да го објасни преку црните дупки во вселената, преку ефектот на пеперутката, преку постојаното повторување на животот во некое друго време пружа еден микс на неизвесност на случување и точност на чувства со силата на вистинската љубов, вистинскиот пријател и вистинската улога да се биде татко, иако во паранормални услови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтан на 4 нивоа
Следна објаваДами во црвено
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ