Совршеното кулинарско задоволство започнува со добро подготвен и сервиран оброк, но тоа не е сè.

Истовремено на нашето доживување влијаат уште многу други фактори. Важен е впечатокот што го остава внатрешноста на ресторанот, мебелот и целокупниот дизајн на ентериерот, улугата на персоналот и секако погледот.

Секако, храната е повкусна доколку вечерате на некое место кое има поглед кој ве остава без здив? Рестораните со спектакуларна панорама секогаш ги будат сите ваши сетила, кои ќе го направат вкусот на вашето јадење уште пофино.

Сигурно е дека таквите места стануваат популарни обележја на некој град и привлекуваат многу љубопитни и гладни туристи од целиот свет. Ако сте еден од нив, прочитајте и дознајте кои 10 ресторани имаат најспектакуларен поглед во светот.

1. Restoran Grotta Palazzese –  Puglia – Италија –

Извајан во варовнички карпи со поглед на Јадранското Море

2. Andronis Santorini, Грција

Овој бутик ресторан ги комбинира, еден од најимпресивните погледи на морето и највозбудливиот избор на грчки кулинарски специјалитети.

3. Crater Lodge, Танзанија

Во областа Нгоронгоро во Танзанија, постои голем вулкански кратер-калдера формиран пред речиси три милиони години. На ова идеално место е Кратер Лоџ, ресторан кој го комбинира природниот луксузен дизајн на Масаи со естетика инспирирана од барокни замоци украсени со брокат дивани, позлатени огледала … Тука фокусот не е на кулинарските вештини туку на спектакуларниот поглед…

4. Ithaa подводен ресторан, Maldivi острово Rangali

Овој подводен ресторан е на посебно место кое ќе ве импресионира со својата локација повеќе од било што друго.

5. Le Panoramic, Chamonix-Mont-Blanc, France

Замислете ручек на височина, опкружен со снежна покривка додека гледате во високиот Мон Блан … Сето ова е можно во ресторанот “Le Panoramic”, кој се наоѓа во скијачкиот центар Шамони во Франција.

6. El Farallon, Kabo San Lukas, Мексико

Ресторанот El Farallon во Кабо Сан Лукас, Мексико, се наоѓа на врвот на хотелот Capella Pedregal и има најубав поглед на целиот регион. Освен што ќе ве остави без текст заради погледот, ист впечаток на вас ќе остави и вкусната храна од свежи морски специјалитети.

7. Soho House, Холивуд, САД

Се наоѓа во западниот дел на Холивуд и е еден од најексклузивните и најекстравагантните ресторани на оваа листа, Нуди прекрасен поглед на Лос Ангелес.

8. Le Jules Verne, Праиз, Франција

Лоциран на вториот кат од Ајфеловата кула, ресторанот “Ле Жул Верн” има ѕвезди на Мишелин и покрај понудата на неверојатен поглед на Париз, ќе ви овозможи незаборавно кулинарско искуство благодарение на познатиот шеф  Alan Dukasu.

9. Sirocco, Банкок, Тајланд

Овој ресторан се наоѓа на 63-тиот кат, на покривот на Dome облакодерот. Замислете поглед од оваа висина? Ресторанот нуди кулинарскo искуство од 5 ѕвезди. Со џез музиката ќе уживате во европските и азиските специјалитети.

10. Altitude – Сиднеј Австралија

Овој ресторан нуди идеален поглед на пристаништето во Сиднеј. Се наоѓа на 36-тиот кат и има простор за само 18 гости. Опкружен со стакло прозорци од подот до таванот, гостите обично остануваат шокирани од погледот. Менито на ресторанот е одлично, како и понудата на вино.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп за ден 21.03.2018 година!
Следна објаваСтаклено висечко осветлување во форма на sвона!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР