Crema al parmigiano

Овој едноставен рецепт за крем од пармезан, се подготвува за само 10 минути, а потекнува од Парма, Италија…

За 4 лица:

Време на подготовка: 10 минути

Време на ладење: 2 – 3 часа

5 дкг рендан пармезан
10 дкг слатка павлака
малку сол
малку бел пипер

Ставете го ренданиот пармезан и слатката павлака во сад. Додадете малку сол и бибер и на слаба топлина мешајте додека  се направи крем. Кремот се лади неколку часови во фрижидер, покриен со проѕирна фолија.

Послужете со топол печен леб.

Кремот може да стои во фрижидерот не повеќе од 2-3 дена, но, не го замрзнувајте.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп за ден 20.03.2018 година!
Следна објаваШто се случува оваа седмица во Јавна Соба?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР