Оригиналното потекло на зборот “мандала” доаѓа од санскритскиот јазик и значи круг, поточно преставува целовитост и хармонија на истиот.

Мандалите се апстрактни цртежи каде основниот принцип е токму кругот. Цртањето на мандалите ја претставува вечната тенденција да се спознае суштината на светот и самото себство. Тоа е патот на самоспознавањето. Мандалата е прототип на сите патишта кои водат кон средиштето на индивидуацијата.

Целта на создавањето на една мандала е самиот чин а никако не е нејзината естетска убавина. Уметничката и естетската вредност на мандалите се смета за споредна, која патем и се подразбира самата по себе.

Во духовна смисла создавањето на еден ваков вид на уметност е во служба на надминувањето на сите дуалности и противречности во светот. Мандалата е динамичен симбол којшто одговара на одредена визија за човекот, како променливо битие кое е во постојана транзиција, но при тоа се задржува во центарот осносно ја задржува својата суштина.

Сите мандали се различни i не постои ниту една сосема иста мандала, но се јасно препознатливи по својот доминантен кружен принцип.

Погледнете како изгледа ова спиритуално патување!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР