.

Денес се смета дека нашите прозорци не треба да имаат никакви додатоци за да пропуштаат што повеќе природна светлина …

Ова е многу важно ако сакаме да уживаме во надворешниот поглед и да го направиме просторот уште поголем.

Сепак, што се случува кога сакаме повеќе приватност или едноставно да го контролираме вишокот на сончева светлина?

Постојат одредени третмани на прозорите кои се секогаш во тренд и изгледаат модерно и убаво. Сега ќе ви претставиме некои од нив.

Драпери
Завесите или драперите претставуваат вонвременско решение кое никогаш не излегува од мода. Драперите можат да го сокријат вашиот простор од вишокот сончеви зраци и несакани погледи, но во исто време додаваат декоративна вредност на просторот. Драперите можат да додадат стил и декорација во вашиот амбиент, да потенцираат одредени делови, па дури и да внесат дополнителна боја и текстура.

Најпопуларен избор се полу-транспарентни или минимално-транспарентни завеси, кои лесно можат да се вклопат во било кој простор, но исто така можат да бидат и доста привлечни како блок-обоени или во водени нијанси. Експериментирајте со текстурите, печатени елементи, бои и материјали. Кадифето додава префинет изглед, лесните  ткаенини можат да го направат просторот полесен, а цветните обрасци и јаките бои можат да го разубават просторот кој е со неутрален изглед.

Римски ролетни
Римските или ролер ролетни, се уште популарна опција за прозорците. Овие додатоци  на прозорците не се помалку популарни од драперите, иако тие даваат сосема поинаков изглед. Римските ролетни може да се направат од проѕирни или поцврсти  материјали за да се спречи прелевање на светлината што влегува во ентериерот.

Таквите ролетни можат да се креираат со плетени материјали кои додаваат рустични детали во околината. Римските ролетни, исто така, со својот дизајн можат да го истакнат стилот и боите на просторот, на пример, можете да се определите за цветни, во линии, полка и многу други модели со финиши и украси.

Драпери и ролетни
Земете ги двете опции ако ви е потребна приватност и стил во исто време, а едно парче не е доволно да ги извршува сите функции. Ова е совршен начин да ги вклучите проsирните завеси без да се жртвува приватноста, а во исто време можете да го потенцирате вашиот декор и бои на уште поинтересен начин. Креирајте слоевиден изглед со печатени ролнетни и неутрално обоени драпери за подобар контраст.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМаникирот на Blake Lively е новиот тренд!
Следна објаваМандала – хармонија на универзумот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР