Ви ги претставуваме најдобрите начини како да го модернизирате својот простор, без да трошите премногу пари …

Сега имате можност да погледнете некои од најдобрите предлози за промена и редизајн на целиот простор, а тие доаѓаат во вид на неколку извонредни идеи кои можат да ви помогнат да го направите сето ова без претерана мака и тортура.

Креативни тавани
Веќе нема кого да изненадите со бело кречени плафони, а со цел да создадете многу убав акцент на просторот, можете да пробате со различни видови на материјали на површините на таванот.

Офарбајте го таванот со боја која се вклопува во вашиот простор или обидете се да додадете гипсани профили, што исто така е вонвременска идеја која додава елеганција и софистицирано чувство во просторот. Таквите детали се многу популарни, особено во минималистички и модерни ентериери за да создадат силен контраст.

Покријте го таванот со дрвени панели и додајте ги геометриските обрасци на нив. Креирајте светларник кој може да биде идеално решение и да обезбеди природно светло во просторот, додека темните тавани можат да го направат просторот помал.

Лампи / лустери
Понекогаш, централна точка на просторот може да се создаде со едноставно додавање на светилки и лустери во просторот. Само еден прекрасен лустер може целосно да ја промени целата соба, а вие лесно може да најдете големи парчиња кои внесуваат  грандиозен фактор.

Едно од најпопуларните парчиња е кристален лустер кој може да се види во се повеќе различни простории, кој внесува софистицирано чувство. Висечкото осветлување, особено кога е групирано, создава фантастичен изглед, потенцирајќи ги високите тавани и внесува повеќе светлина во внатрешноста.

Теписи и завеси
Текстилот е исто така многу убава и буџетска идеја која го менува вашиот простор или го истакнува неговиот декор, овие елементи се многу лесни за промена во секој момент, така што нема да ве чини премногу.

Најдете завеси кои ќе бидат софистицирани детали во просторот или изберете ги специфичните бои кои ги сакате, што дефинитивно е совршена идеја за додавање на акцентирани точки во просторијата без преголеми трошоци.

Теписите, особено тие кои се интересни, претставуваат совршено решение за нагласување на вашиот стил, додадете им неколку бои за да создадат централна точка на просторот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНордиски вибрации Giorgio Armani есен/зима 2018!
Следна објаваСкопје постер фестивал ја започна 10 – годишната јубилејна изложбена турнеја!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР