Доколку сте во потрага за одмор и релаксација на сред бујна, егзотична вегетација и миризливи шарени градини, ова магично одморалиште е како дизајнирано за вас.
Barai е СПА центар лоциран во рамките на хотелот Hyatt Regency Hua Hin на Тајланд.

Пенливи базени, место каде што владеат мирот и спокојството со фантастични архитектонски елементи, инспирирани од античката кмерска култура, тоа е Barai SPA центарот кој обезбедува светска услуга со исклучителни сместувачки капацитети.

Исклучете ги вашите телефони и уживајте во единствениот концепт на резиденцијален СПА центар кој содржи неколку луксузни апартмани, специјално дизајнирани и прилагодени со СПА третмани.

Апартманите се или на приземје со пристап до фантастична градина или се горе на катот со пространи балкони кои нудат спектакуларен поглед на тајландскиот залив, како и приватни соби за масажа и третмани.

Едно е сигурно, ова место ќе го напуштите со голема насмевка на  вашето лице.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПејсажите на Emil Nolde!
Следна објаваНордиски вибрации Giorgio Armani есен/зима 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР