Откако го видовме првиот дел од кампањата на Диор за пролет-лето 2018, познатиот француски бренд како вистинско освежување ни додаде дополнителни фотографии на увид, на кои е топ моделот Саша Пивоварова.
Убавата русокоса позира пред објективот на Патрик Демаршеље. Прекрасно стилизирана во француската модна класика, Саша е облечена во морнарска мајца со линии, носи беретка и лакирани балетанки.