Чист и организиран работен простор може да создаде идеална атмосфера и да ни овозможи поголема ефикасност за време на работата …

Според тоа, ова е прилично јасна ситуација, а се што е потребно е да ги одржуваме нашите работни простори организирани. Сепак, оваа работа понекогаш не е толку лесна, бидејќи клучот за успехот е во основа, наоѓање на добар систем на кој треба да се придржуваме.

Ослободете го просторот
Започнете со уредување на вашиот работен простор во домот. Ослободете се од сè што не ви треба и што не му припаѓа на вашиот амбиент…

Бидете методични и организирајте дел по дел. Се што не користите префрлете во еден дел. Ако најдете некои аксесоари кои не сте ги користеле со месеци и не можете да одлучите дали некогаш ќе ви се потребни, не се колебајте кога ги отстранувате.

Добар пристап на организирање на работниот простор е да се утврди функционалноста на поединечните површини.

На пример, можеби ќе ви бидат потребни дополнителни елементи или големи работни сегменти. Чувајте сè организирано и на дофат на вашите раце, така што сите потребни работи ви се  секогаш достапни додека се движите наоколу.

Организирајте ги малите предмети
Ако треба да чувате мали предмети на вашата работна маса, најдобрата идеја е да ги организирате во различни кутии за да избегнете неред. Ова е совршено за предмети како што се спајалици, пенкала, потсетници, итн.

Обележете со боја
Користете бои за означување на сите документи. Овој систем ви овозможува брзо и лесно да ги идентификувате сите категории што ви се потребни во моментот. На овој начин нема да губите време и да ги превртувате документите, а ќе бидете многу поефикасни.

На крајот од секој работен ден, исчистете ја и организирајте ја вашата маса. Не оставајте неред, затоа што тоа го претставува она со што ќе се сретнете кога ќе седнете на работното место следниот ден, кој треба да започне со висок елан и совршено средена маса.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова колекција за мажи: John Galliano есен/зима 2018!
Следна објаваЗавршува првата музејска поставка вон музеј – “Жената во Македонија низ времето”
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР