Новата колекција на брендот John Galliano за есен/зима 2018 е инспирирана од  азиската култура.

Дизајнерот Bill Gaytten ја претстави облеката за мажи со интересни парчиња и принтови. Моделите со жакард ткаење и калиграфски отпечатоци се претставени како кежуал облека, но во исто време, ја прават погодна и за формални прилики.

Bill Gaytten е препознатлив по креирање на облека која носи младешки дух со одредена зрелост.

Во оваа колекција посебно се издвојуваат богато декорираните капути, печатени маици и елегантните карго панталони. Сепак, фаворити на оваа колекција се дефинитивно кимоно јакните.

Колекцијата е храбра, еклектична и интерпретирана на шик начин.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМакедонска премиера на најновиот филм на Милчо Манчевски
Следна објаваСоздадете совршен работен простор во својот дом!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР