Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен  фото натпревар на Instagram!

Александар Костадинов

Image may contain: 2 people, people sitting, sunglasses and outdoor

Со инспирација за документација на природата, Александар е аматер – фотограф, кој се стреми кон професионализам.

Победничката фотографија е направена во околината на Струмица со дигитален апарат Samsung ES95. Фотографијата е во црно бела техника, едитирана со програмата Picasa.

Со фотографот можете да стапите во контакт преку неговиот Instagram или e-mail (acec65@hotmail.com).

Мартина Пенева

(втор пат со победничка фотографија)

Мартина Пенева е фотографка – аматер која обожава да фотографира детализирана архитектура и стрит фотографија. За стрит фотографијата таа ни кажува дека се прикажуваат сите фази низ кои минува една фотографија, идеја, подготовка, исчекување, грешки, нивно поправање, обиди, можности…

Победничката фотографија е направена во Stedelijk музејот во Амстердам. Се работи за ретроспективна изложба на просторни инсталации од Едвард Красински – еден од највлијателните полски протагонисти на неоавангардата од 60ти и 70ти години, чии дела се поврзани со минималистичка и концептуална уметност.

Контакт со Мартина можете да воспоставите преку нејзиниот Instagram или e-mail(martinapeneva@yahoo.com).

Лазар Зафировски

(трет пат со победничка фотографија)

Лазар Зафировски активно се занимава со фотографија веќе две години, а зад себе има искуство како фотограф на настани и приватни фотосесии.

„Фотографијата е направена со фото камера, еден темен и облачен врнежлив скопски ден. Замислата беше да се опфати интересен архитектонски елемент во позадина, а во преден план да биде портретот.“

Контакт со Лазар можете да воспоставите преку FacebookInstagram или e-mail (lazarzafirovski@yahoo.com).

За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваEmillio Pucci и Bulgari со заедничка колекција на накит!
Следна објаваЛегендарната кукла Барбика со нов лик!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР