Замислете дa поседувате шах со ликовите од филмот “Господарот на прстените” …

И додека размислувате да ја претворите оваа фикција во реалност, можеби ќе ве израдува веста дека се појави на пазарот ексклузивниот шаховски сет “Господарот на прстените” со хероите на Толкин како фигури.

Шаховскиот сет беше создаден за да им даде можност на љубителите на овој роман со епска фантастика, да се забавуваат со своите омилени херои – во овој случај, шаховски фигури – како Фродо, Арагорн, Гандалф, Боромир, Пипин, Сем, Мари …

 

Шаховската плоча е направена од плексиглас и порцелан, додека фигурите се со височина од 5 см.

Ексклузивен шаховски сет беше дизајниран и произведен од страна на Noble Collection лиценциран од Warner Bros. Company. Се продава по цена од 495 долари.

 

Значи, ако барате уникатен подарок, ова е добра идеја.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУбавата куќа на Елен Помпео!
Следна објаваЖената во Македонија низ времето – Првата тематска музејска поставка вон музеј!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР