Иако многумина се надеваа дека наградата за најдобра актерка ќе и биде доделена на Мерил Стрип, на која тоа и беше 21-та номинација во нејзиниот живот, Оскарот сепак отиде во рацете на Френсис Мекдорманд за улогата во филмот “Три постери надвор од градот”.

За време на нејзиниот говор, кој го започна како да хипервентилира, таа ги замоли сите жени номинирани за Оскар 2018 да станат со неа.

“Ако ми ја дадете честа, сите жени кои сте номинирани во секоја од категориите да станете со мене. Мерил, ако станеш ти и сите други ќе го сорат истото.” го започна својот говор Френсис Мекдорманд, по што Мерил Стрип ја поддржа и стана, а во салата одекна огромен аплауз.

“Погледнете нè добро, затоа што секоја од нас има своја приказна за раскажување и проект кој треба да се финансира. Немојте вечерва со нас да зборувате за тоа на забавата, поканете не некој друг ден на состанок во вашата канцеларија или можете да дојдете во нашата, а ние ќе ви раскажеме се за нив. ”

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПогледнете го најголемиот билборд во светот
Следна објаваЗошто ни се потребни омега-3 и омега-6 масни киселини!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР