Модерната рустикална декорација, често совршено се вклопува со стилот на индустрискиот дизајн …

Комбинацијата на рустикален мебел и акценти на индустрискиот стил, како резултат ни дава многу интересен контраст – позадината од бетон и метал, идеално ќе се стопи со топлите тонови на дрво и природен ратан. Само погледнете ја оваа мансарда што ви ја презентираме – на прв поглед, ви се чини дека сè што е во неа е старо и пронајдено, како да е донесено од некоја стара индустриска зграда.

Под софата во дневната соба е поставен тепихот под интересен агол, кој на свој уникатен начин ве поканува да седнете и одморите, а потоа ве воведува до трпезарискиот дел. Еклектичниот пар на масички и старата саксија го сочинуваат овој идеален централен декор од станот.

Оваа мансарда e дизајниранa од Серхи Сеинов, a се наоѓа во Чикаго. Од птичја перспектива, шемата на овој дизајн делува речиси нежно, во споредба со цврстите бетонски подови. Големата аголна гарнитура има светло сив дизајн и пријателска форма како буквата L.

Трпезаријата во индустриски стил се состои од дрвена маса со обоени детали и сет од шест столици со ист дизајн. Рустичната кујна е идеален придружник во трпезаријата со ист стил. Металните и дрвените кутии за складирање на работи, го исполнуваат просторот под прекрасната рустикална конзола.

Декорацијата во спалната е промена на ритамот во оваа мансарда, со корпи од природен топол ратан, кои доминираат во дизајнерската шема. Двата лустера од ратан го осветлуваат просторот до креветот, каде што хоклицата е доволно голема за шоља чај и чајник, кој помага да се релаксирате и да потонете во сон.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМода: Dolce & Gabbana – есен/зима 2018 мода како религија!
Следна објаваПатување: Dar Ayniwen Villa Hotel во Мароко!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР