Хотелите во целиот свет прават сe, за да привлечат што поголем број на гости, независно од сезоната и годишните времиња, но сепак, постои еден фактор кој е поголем од било што, тоа е локацијата. Дека локацијата е најважна при изборот на сместување кога планираме да патуваме, докажува и хотелот “Best Western Premier Grand Canyon Squire Inn” во Аризона, кој има најмногу резервации на веб-страница на TripAdvisor.

Хотелот се состои од 318 соби, вклучувајќи делукс соби и апартмани, теретана, затворен и отворен базен, водопади, тениски игралишта и слично. Но тоа што најмногу ги привлекува посетителите кои се одлучуваат да направат резервација токму за овој хотел е неговата локација.

Според рецензиите, овој хотел со 5 ѕвездички е многу удобен хотел на соодветна локација, која е само 7 минути јужно од влезот во Националниот парк Grand Canyon и 4 минути северно од Grand Canyon Airport.

Освен тоа, хотелот нуди бесплатен “грабни и оди” доручек од 5.30- 6.30 и е совршен за ранобудните.

Според TripAdvisor, други хотели со најмногу резервации во светот се The Croke Park во Дублин, Montague Gardens во Лондон, Хотел Europa во Мадрид и Park Lane хотел Њујорк.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобра фризура за возрасен современ маж!
Следна објаваПат околу Нов Зеланд за 40 дена
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР