Ако сакате да го смените вашиот имиџ и да бидете во тренд, а при тоа да го задржите  елегантниот и џентлменски имиџ, тогаш ова е фризура за вас …

Многу пати пишувавме за различни фризури и ви дадовме многу совети, но овојпат сакаме вниманието да го задржиме кон малку по возрасните мажи и да ги советуваме како да изгледаат модерно, но исто така и елегантно и џентлменски.

Постарите мажи имаат тенденција да се држат до постарите трендови и тешко ги прифаќаат новите модни трендови кои доаѓаат, но ние сепак сметаме дека годините не се важни и дека секој човек треба да ги следи трендовите, ако сака да биде атрактивен и да привлече внимание. Затоа решивме да ви ја претставиме фризурата која е апсолутен хит оваа година и која треба да ја направите ако сакате да бидете најпосакуван човек во вашето окружување.

Станува збор за мешавина на low fade фризури и ние сме сигурни дека ќе ви се допадне. Фризурата не е тешка за креирање и не е тешка за одржување. Косата од  страна постепено се скратува од темето кон вратот и се шиша со машинката. Косата на темето треба да биде подолга и се чешла на страна, правејќи видлив патец. Косата на темето може да се крене нагоре или на назад, така што тоа е по ваша желба и во секој случај оваа фризура ќе изгледа одлично.

Уште една одлична работа кај оваа фризура е тоа што совршено се вклопува со долгите бради, па ако ви се допаѓа неизбричен изглед тогаш оваа фризура е одличен избор.

Погледнете го овој видео клип кој ќе ви покаже како изгледа оваа фризура и како се креира:

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд кујни: Двобојни елемeнти во кујната!
Следна објаваОва е најпопуларниот хотел на светот според TripAdvisor!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР