Кујните отсекогаш биле доминантни кога станува збор за трендовите во ентериерниот дизајн и тоа со добра причина …

За повеќето од нас, кујната е еден од најчесто користените делови во нашите домови, па затоа не постои причина зошто не би требало да инвестираме во нејзината естетика.

Овие денови, кујнските елементи во две бои го преземаат пазарот и се чини дека нивниот стил полека се усвојува од сите, а сега ќе ви презентираме неколку идеи и ќе видите зошто овој тренд привлече толку голем интерес.

Централни точки
Еден од најчестите начини да се стигне до двобојни комбинации е преку употреба на комплет мебел што станува централна точка на просторот. Во овој случај, кујнското острово главно се користи од причина што создава место во самиот центар на композицијата.

Сепак, нема потреба да се ограничувате на било кој вид на распоред.

Откако ќе одлучите да ги поставите вашите елементи, време е да размислите за боите. Кога ќе тргнете по овој начин, запомнете дека целта на централната точка е да биде впечатлива а можете да ја обележите и да ја направите поголема со употреба на повеќе ведри и смели нијанси.

Потемни тонови на долните делови
Уште еден чест начин да се активира овој тренд е да со употреба на потемни нијанси на долните елементи, додека висечките парчиња мебел се дизајнирани со посветли тонови.

Од друга страна, ова функционира како добитна комбинација, бидејќи ви овозможува да ги креирате споменатите централни делови со едноставно користење на посветли бои, нагласувајќи одредена површина.

Во овој случај, имате избор на кој начин сакате да го презентирате овој тренд.

Координација со елементи
Како и да се одлучите за изгледот на вашите елементи, има еден клучен детаљ што мора да го имате на ум. Секој од вашите елементи треба да содржи одредени координатни карактеристики. Запомнете, кога имате два различни стила во ист простор, од клучно значење е да вклучите некои детали кои јасно ќе покажат дека тие припаѓаат тука заедно.

Можете да ги поврзете вашите елементи заедно на неколку начини. На пример, можете да ги креирате горните и долните компоненти во идентична палета на бои. Размислете да користите две различни нијанси од иста боја за да добиете рамнотежа. Меѓутоа, ако сакате да вклучите две различни бои, тогаш треба сериозно да ја разгледате употребата на идентични материјали со цел да на тој начин се’ вклопите во едно.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваERMANNO SCERVINO колекција есен-зима 2018!
Следна објаваНајдобра фризура за возрасен современ маж!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР