Истражете ја месечината со свои раце!

Иако е малку веројатно дека некогаш ќе шетате по Месечината, но треба да знаете дека можете да ја истражите целосно со овој модел за 3D печатење …

Овој детален модел се појави како start-up на компанијата од Сан Франциско, наречена AstroReality и е дел од нивниот лунарен проект, кој беше оживеан благодарение на успешната кампања на Indiegogo компанијата за собирање на финансии.

Дизајнирана со цел да им даде на луѓето малку повеќе информации за Месечината каква ја знаат – таа која е видлива во вечерните часови и за месечината која не ја знаат, поточно нејзината темна страна, на динамичен и интересен начин Месечината, во режија на оваа компанија е креирана од цврста смола и содржи неверојатна количина на детали.

Со помош на податоците од НАСА, сите детали на нејзината површина, вклучувајќи ги кратерите, рамнините и вулканите се насликани неверојатно прецизно. Покрај тоа, овој модел е поврзан со апликација која ви дава информации за секој инч на нејзината површина со помош на зголемена реалност. Месечината Lunar Pro е интересно и забавно дополнување на секоја работна соба, дневна соба или канцеларија, а може да биде ваша по цена од  219 €.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова мобилна апликација за возачите на Ford
Следна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР