Чаши за коктели, количка на тркалца и барски столици, тоа е се што ви треба за да се приклучите кон овој нов тренд на уредување на домот, кој ќе ги развесеи сите ваши гости.

Веќе долго време, не видовме тренд што ни се допадна како овој. Вистински мал бар во сопствениот дом кој изгледа толку убаво, а вашите гости ќе го засакаат истиот, веднаш.

1. Чаши
Нема потреба да купувате скапи кристални чаши, бидејќи сега е можно да се најдат убави чаши по ниска цена. Она на што треба да се внимава, е дека секоја чаша е погодна за посебен пијалок. Нема ништо полошо од служење на пијалалоците во чаши кои не се наменети за тоа. Исто така, за да искуството биде потполно, можете да купите украсни стапчиња или сламки, бидејќи наскоро вие ќе ги креирате најубавите коктели во вашиот дом.

2. Помошна барска количка
Помошната барска количка е една од најубавите декоративни и корисни предмети кои доминираат на социјалните мрежи и крајно време е, да ја набавите вашата сопствена верзија за дома. Не само што изгледаат супер елегантно, тие се совршено прилагодени за секоја соба. Ако не сакате да потошите повеќе пари, бидете сам свој мајстор, обојте ја со златна боја или додатно декорирајте ја со самолеплива фолија во имитирачки мермер и верувајте дека ќе изгледа како милион долари.

3. Барски столици
Убавината ја исполнува функцијата. Овие денови, барски столици можат да се најдат во интересни варијанти. Дизајнерите почнуваат да им посветуваат посебно внимание, а главните карактеристики се тенки ногарки и мал потпирач за грб. Бидете сигурни да не претерате со големината на столиците и изберете помали, потенки и по елегантни модели. Ќе ги обожувате, а и вашите пријатели, бидејќи создаваат опуштена мешавина на седење и стоење, која им одговара на луѓето.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваErmenegildo Zegna: Традиција со модерна визија!
Следна објаваMichael Kors – колекција есен-зима 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР