Хлорофилот е супстанца со која растенијата ја одржуваат својата зелена боја и прават фотосинтеза, но дали знаете колку е добар и за нас луѓето?

Да, хлорофилот е одличен за луѓето и е вистински енергетски засилувач.

Во еден од најпознатите фитнес клубови во Лондон, Bodyism во Westbourne Grove, спортистите пред тренингот пијат чаша со т.н. “мочварна вода”. Овој фитнес клуб редовно го посетуваат ѕвездите како Lily Aldridge, глумицата Emilie Clarke и  дизајнерката Charlotte Olympiа.

Но зошто супермоделите и sвездите ја пијат оваа зелена материја? Ова се само некои од предностите:

– за здрава крв: хлорофилот помага да се пренесе кислород во вените и придонесува за создавање нови крвни клетки, како и за прочистување на крвта.
– помага во борбата против слободните радикали: загадувањето од околината и штетните материи во нашата храна предизвикуваат акумулација на штетните слободни радикали (како што се тешки метали) во нашето тело. Научниците откриле дека хлорофилот има антиоксидативен ефект и може да се бори со овие загадувачи во телото.
– исто така има позитивен ефект врз дигестивниот систем и помага во оптималното функционирање на дебелото црево.
– Покрај тоа, хлорофилот е одличен начин за регулирање на рН на телото и помага да се намалат воспаленијата и да се смири централниот нервен систем, кој за возврат помага да се намали стресот и дава енергија.

Дури и кога сакате да изгубите тежина, хлорофилот е одличен избор. Една студија од 2014 година го испитуваше односот помеѓу хлорофилот, губењето на тежината и желбата за храна.

Резултатот: секој кој на дневна база консумирал хлорофил, имал помала желба за храна и значително ја намалил телесната тежина.

Хлорофилот се наоѓа во зелениот зеленчук и овошјето, како што се кељ, спанаќ, броколи, краставици, магдонос и киви. Колку што е бојата на храната потемна и поинтензивна зелена, толку е побогата со хлорофилот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСофистицирана пролет со CHANEL!
Следна објаваЕлегантен и рачно изработен грамофон Barky!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР