Нема кујнски простор без позадини, што може да стане спарен или контрастен дел од декорот, создаден со големо влијание во нашите простории …

Кујнските позадини секогаш можат да бидат функционални и практични, од неколку причини, но пред се треба да бидат пријатни. Ги презентираме најдобрите трендови на кујнски позадини, а тие можат да ви помогнат да изберете тоа што го сакате, кога ќе се одлучите за реновирање , ако веќе тоа не сте го направиле.

Забавувајте се и секогаш стремете се да го направите вашиот амбиент уникатен, особено во просториите  како кујните, кои секогаш го претставуваат срцето на нашите домови.

Црна позадина

Црното е безвременска боја и никогаш нема да излезе од стил, а покрај тоа, совршено се вклопува во било која комбинација. Било да ја користите како контрастна или ја вклопувате во монохроматски простории, овие кујнски позадини се совршена идеја.

Определете се за плочки од различни форми и истакнете ги со бели или црни фуги, од кои последниве, оставаат многу силен мажествен впечаток во кујната. Позадините од плута и дрвени табли исто така се добредојдени, и ова е многу убаво, функционално и буџетски ориентирано решение кое никогаш нема да излезе од мода и во исто време е практично, како и со керамичките плочки.


Големи плочки
Големите парчиња на декор и мебел претставуваат најдобар тренд на денешнината, додека истото важи и за плочките. Големите плочки може да ја истакнат вашата позадина, дури и кога нивните бои се сосема неутрални, но во случај тие да се малку посветли, вашите кујнски позадини стануваат централна точка на просторот. Изберете плочки во контрастни бои и уживајте во ефектот што можат да го направат.


Мермерни кујнски позадини
Мермерот е безвременско решение и претставува многу елегантен материјал, кој автоматски додава шик изглед кон вашиот простор. Можете да изберете за мазен софистициран изглед или плочки од различни видови – правоаголни, хексагонални, долги и тесни, кои се многу убав прилог на секој стил на кујната. Овој тип на камен е совршено усогласен со метални детали, особено месинг и бакар, што може да додаде гламурозен изглед.
Сребрена позадина
Металните нијанси доаѓаат како многу популарен декор, а при изборот на плочка за кујнски позадини, сребрената боја на вашите материјали претставува најдобро решение. Таквите керамички елементи се добредојдени во секоја форма, а металната нијанса на алуминиум може да се комбинира со речиси сè, различно од неутрални до темни тонови. Определете се за пријатни геометриски облици и направете ја вашата кујна уникатна.


Позадина креирана во форма на рибна коска
Овие модели претставуваат класични детали кои секогаш се во центарот на вниманието, каде и да се – на подот, ѕидовите или кујнските позадини. Можете да го додадете овој вид на декор насекаде, и во овој случај, кујните се позиционирани како идеално место за нив. Изберете било која боја по ваша желба и акцентирајте ги пличките со кинтрастна фуга, за поголем впечаток.Забавувајте се и секогаш се стреми да го направите вашиот амбиент уникатен, особено во просториите, како кујна секогаш го претставуваат срцето на нашите домови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрвиот парфем на Proenza Schouler веќе стана хит!
Следна објаваУбавината на пегите
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР