Во осмиот арондисман, еден од најгламурозните и најпрепознатливите делови во Париз, се наоѓа луксузниот хотел Collectionneur Arc de Triomphe ..ФОвој угостителски објект ги поздравува сите гости и туристи секој ден, кои доаѓаат во потрага по работа, забава, рекреација, уживање во бројните музеи и места преполни со шарм.

Париз е многу богат град на културно ниво, а L’Hotel du Collectionneur Arc de Triomphe, дефинитивно може да ги задоволи своите гости, без оглед на нивните желби. Луксузни букети, популарни кафулиња, уметнички галерии, музеи и деловни центри го опкружуваат овој врвен хотел. Неговата внатрешност се карактеризира во art deko стил, со прекрасен поглед на најголемата атракција на Париз, Ајфеловата кула.

Овој простран хотел има 473 апартмани и соби, нудејќи им на своите гости најдобри сместувачки капацитети, дизајнирани во стилот на арт деко. 88 директорски апартмани и 59 соби, обезбедуваат пристап до главниот простор за релаксација, каде забавата, релаксацијата и прекрасните француски освежителни пијалоци се секогаш достапни.

Секој кој планира да отпатува во градот на љубовта и светлината Париз, не треба да заборави да го посети овој хотел, кој совршено ги надополнува потребите и плановите на своите гости.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMICHAEL Michael Kors: тиркизната боја во преден план!
Следна објаваСредба со Јагода Михајловска-Георгиева во ТРИ!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР