Euphorbia е бајковито графичко доживување кое претставува задоволство за откривање на сопствената креативност.
No automatic alt text available.
Знаејќи го дејството на боењето против секојдневната анкциозност, промовирајќи ја креативната страна на животот и максимално исцрпување на секој негов потенцијал, со задоволство во ја претставуваме третата авторска боенка за возрасни, Euphorbia, на неверојатно талентираната Ивана Горичан.
No automatic alt text available.

Триесет флорални мотиви испишуваат една приказна која вие треба само да ја избоите! 

Мотивите се печатени еднострано на дебела хартија, со цел да може да се користат покрај дрвени боички и фломастери, темперни, акварел, а бидејќи Ивана ја цели филозофијата на несебичната страна на уметноста, страниците на боенката се перфорирани, со едноставна цел, Вашето дело да можете да го одделите од боенката и да го урамите за сите да уживаат во домот, или пак да го подарите некому.
No automatic alt text available.
Повеќе за боенката можете да дознаете на официјалната Facebook страна и Instagram, а достапна е во следните книжарници:
Книжарница ТРИ“ – Дебар маало и ГТЦ;
Книжарница култура“ – Плоштад;
Книжарница Или-Или“;
Книжарница Литература“ – Ramstore Mall и Ул. Македонија;
Матица македонска“  и „Матица ексклузив“;
Книжарница просвета“ – Oхрид.
No automatic alt text available.
Бидејќи секој креативен ден е убав ден, не заборавајте да ги постирате на Instagram избоените страници под #Euphorbia!
СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен хороскоп од 12.02. – 18.02.108 година!
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (12.02. – 18.02.2018)
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР