Проект на УСАИД за граѓанско учество

Во рамките на своите заложби за градење на силно граѓанско општество и јакнење на демократските процеси, веќе четврт век УСАИД ги поддржува граѓанските организации и го поттикнува нивното конструктивно учество во прашања од јавен интерес. УСАИД посветено работи и ги поддржува младите во насока на промовирање на дијалог, зајакнување на нивните лидерски способности и учество во јавниот живот. УСАИД во изминатиот четврт век, во соработка со голем број организации, групи на млади и индивидуалци реализира проекти чија основна цел е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и младинските групи за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење, сè со цел да придонесе кон подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија. Поддршката на УСАИД допира до најразлични сегменти од општественото живеење, а една од долгорочните цели е да помогне во создавањето на силно, самоодржливо и активно граѓанско општество.

Еден од проеките, кој започна во  август 2016 година, е  Проектот на УСАИД за граѓанско учество, чија цел е да се зајакнат граѓанските организации и капацитетот на младите за унапредување на јавните политики,

подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење со цел да придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија. Проектот е посветен на родова еднаквост и заштита на правата на социјално исклучени групи во Македонија. Проектот се сости од четири компоненти: (1)зајакнување на алијансите на граѓанските организации; (2) зајакнување на граѓанските организации; (3) јакнење на лидерските капацитети кај  младите; и (4)  учеството на младите во решавање на предизвиците во општеството.

Во поглед на реализацијата на активностите кои се спроведуваат од страна на национални и локални организации од Македонија, Проектот на УСАИД за граѓанско учество ги поддржува иницијативите за промоција на младинското учество и активизам како што се активностите на Александар Матовски-Цако, млад поет и активист кој се залага за подобрување на општествениот статус на лицата со Даунов синдром; Антонио Ѓорѓиевски кој преку својата вклученост во платформата coolinari.mk, ја промовира стручната обука меѓу младите и важноста да се поседуваат практични вештини за зголемување на нивниот потенцијал за вработување и Културната младинска акција од Крушево и нејзината работа за подигање на свеста меѓу младите во Крушево во однос на нивните одговорности за да се сочува културното наследство преку креативни и иновативни активности.

Понатаму, здружението “Инклузива” од Куманово кое е една од 33-те граѓански организации поддржани од Проектот за граѓанско учество, успеа да го издигне високо прашањето за учество на лицата со оштетен вид во изборниот процес, при што Државната изборна комисија го усвои предлогот за процедури за самостојно гласање на слепите лица и лицата со оштетен вид. Веднаш по усвојувањето, здружението “Инклузива” започна со обуки и едукација на слепите лица и лицата со оштетен вид за новите процедури за учество во процесот на гласање со употреба на Браиловата азбука.

 

 

Уште една интересна приказна е “Инфо ѕид за дислексија” на Здружението “Ајнштајн” чија цел беше да ја

подигне свесноста за предностите и недостатоците специфични за попреченоста за учење како што се дислексијата, дискалкулијата, дисграфијата и диспраксијата. Здружението спроведе интерактивни предавања во која беа вклучени повеќе од 600 ученици и 50 претставници на училишните совети во 15 средни училишта низ  Македонија. Покрај тоа, на веб страницата www.dyslexia-info.com беа поставени материјали и техники за самопомош кои ќе им овозможат на наставниците, учениците  и родителите да научат повеќе за овие  потешкотии, ни и како да ја зајакнат самодовербата на лицата со овие потешкотии.

Дигиталната платформа http://www.impact.mk/ ИмпАКТ на Здружението за унапредување на демократијата Democracy Lab нуди ресурси и алатки за збогатување на  знаењето на младите и нивните вештини за планирање и развој на проектни идеи, проценка на потребите на заедницата идентификација на ресурсите на заедницата. Оваа платформа  беше искористена од страна на четири локални младински организации од Гостивар, Тетово, Кичево и Кавадарци за реализирање на 20-на мали акции во чија реализација учествуваа околу 1600 млади лица. Преку оваа платформа, здруженијата се здобија со вештини потребни за реализација на активности за пристап и мобилизација на младите во општествено одговорни активности. Како резултат од овие акции, беше расчистена дивата депонија во Гостивар, се организираше настан за прибирање на хигиенски средства и облека за оние на кои им е најмногу потребна, урбаната опрема во паркот во Гостивар беше исфарбана, понатаму, се организираа едукативни предавања од различни области како на пример како правилно да се рециклира.

Ова се само дел од активностите  кои беа поддржани и наградени. Досега Проектот на УСАИД за граѓанско учество преку доделените грантови чија вредност надминува  1 милион американски долaри, вклучи над 3 600 граѓани, и над 5 000 млади лица во најразлични активности за зајакнување на граѓанското учество и младите особено.

*Текстот е комерцијален и во рамките на активностите на УСАИД за одбележување на 25-годишниот јубилеј од своето работење во Македонија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMANGO | КАМПАЊА ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2018
Следна објаваFENDI: Модна кампања пролет/лето 2018!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР