Топ 5 парфеми кои секој маж мора да ги има во 2018 година …

Овие парфеми ќе ви овозможат да мирисате како вистински маж и да бидете привлечни и заводливи на секој чекор …

Добро е во новата 2018 година да се направат некои промени, почнете со парфемите. Промената на вашиот омилен парфем може да биде одличен почеток, бидејќи парфемите се до одреден степен претставници на вашиот карактер и ако ги носите подолго време, тие стануваат ваш заштитен знак.

Секој маж сака силен, мажествен и долготраен парфем и сите тие го бараат тој, што ќе го користат за секогаш. Сепак, тие исто така сакаат да експериментираат со парфемите и да ги тестираат новите производи на пазарот, за да можат да дојдат до новиот фаворит.

Затоа решивме да ви помогнеме и да ги запознаете парфемите што треба да ги пробате во 2018 година:

 

1. Chanel „Bleu De Chanel”

Ова е парфем што мора да го купите додека трае зимата, бидејќи дрвените ноти совршено одат со студеното време и затоа што е силен, а бидете сигурни дека ќе трае долго време. Исто така, содржи и цитрусни, слатки ноти, кои ќе ве направат заводливи и привлечни.

2. Dior „Sauvage“

Овој парфем содржи мирис на пиперки, што многумина тоа не го очекуваат, но тоа е неговата најсилна страна, која ќе направи да изгледате силно и мажевно. Овој мирис беше многу популарен во 2017 година, а поради таа причина ви препорачуваме да го пробате и оваа година.

3. Tom Ford Private Blend „Oud Wood“

Можеби е скап, но дефинитивно е еден од парфемите кои морате да го имате барем еднаш во животот. Силните дрвени ноти прават да биде многу интензивен, а добро ќе ви одговара доколку често претстојувате во простории кои се полни со чад од тутун.

4. Creed „Aventus“

Ова е еден од најпопуларните парфеми на овој бренд, a причина за тоа дефинитивно постои. Mногу e интензивен и долготраен, а ќе остане на вашата облека долго време по нанесувањето.

5. Versace „Eros”
Ова е веројатно најмaжевниот парфем на оваа листа и е одличен за сите оние кои сакаат да ги привлечат припдничките на поубавиот пол и да ги освојат со мирисот.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРетро стил на очила за сонце-пролетен моден тренд!
Следна објаваНајдобрата работа што можете да ја направите за време на паузата!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР