Продавницата “Марни” во Париз на Сент-Оноре 231, ќе се претвори во маркет на Марни во времетраење од 5 месеци. Таму ќе најдете ретка збирка предмети за домот и детски играчки, а концептот ќе се менува три пати во периодот од 5 месеци.

Сите посетители на Marni маркетот ќе ги пречекуваат дрвени куклички, рачно обоени со светли и весели бои. Целиот приход од продажбата на овие Марни фигури, ќе биде  пренесен на здружението Piccolo Principe, кое ќе им помогне на децата до пет годишна возраст, кои иматаат тешкотии во развојот.

Од почетокот на февруари, светот на куклите ќе се претвори во простор за игра – Marni Playful Market.

Секој кој ќе се најде во продавница до 12 април, ќе биде замолен од продавачите на Марни, да заборават на предрасудите и да го разбудат внатрешното дете кое спие во нив.

Последното поглавје наречено е Marni House Market, а ќе започне на 13 април и ќе трае до 18-ти мај, кога ќе се совпадне со Миланската модна недела, во која овој бренд учествува веќе неколку години. Тоа ќе биде период на презентацијата на предмети за домот, кој го создадоа занаетчии од различни земји од светот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСоработка: Puma x Hello Kitty !
Следна објава Balmain: кампања пролет/лето 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР