Се повеќе луѓе живеат во мали станови, како што се студио станови или станови со една спална соба. Недостатокот на простор, можете со вашата креативност да направите да изгледа поголем и да го претворите во вистинско место од соништата.

Ако правилно го искористите слободниот простор, како и ѕидовите, можете да создадете внатрешен простор кој ќе биде вистински одраз на вашиот стил и личност, а истовремено менувајќи ја перцепцијата на мал простор, штом ќе влезете во него.

Изразете се преку уметноста

Размислете за уметнички предмети како главен фокус во вашиот дом. Обидете се да ги комбинирате, минималистички мебел со уметнички дела кои никого нема да остават рамнодушен. Одберете слики и инсталации во впечатливи светли и живописни бои и искористете ги како фокусна точка. Уметноста е идеална, за создавање на независни делови во станот.

Проширете ја рамката

Поставете фотографии и мали слики во тесни рамки со широки паспартуа. На овој начин визуелно ќе се зголемите sидот. Обидете се да поставите едно или две големи парчиња во средината на ѕидот, со цел да се даде поголема длабочина во просторијата.

Слики без рамки

Sидовите можете да ги направите поголеми со уметнички слики без рамки.Така просторот ќе изгледа чисто и дискретно, а идеално ќе се вклопи во становите кои веќе имаат печатлив мебел.

Користете неутрални бои

Употребата на неутрални бои ќе му даде на просторот светлина, ќе го направи поголем, а вие ќе имате повеќе простор за украсување.

Размислувајте вертикално наместо хоризонтално
Ако вашиот стан има ниски тавани, добра идеја е да ги направите повисоки, ако поставите декоративни предмети како што се полиците и сликите, вертикално една над друга.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваSarong здолништето-пролетен моден хит!
Следна објаваСоработка: Puma x Hello Kitty !
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР