Можеби вашиот гардеробер изобилува со премногу “basic” парчиња, а вие сепак мислите дека ви е потребна промена. Новиот модел на здолништа т.н Sarong, секако ќе ви го овозможи тоа, а воедно, ќе внесе убаво пролетно освежување во вашиот стајлинг.

Престојната пролетна модна сцена, многу ќе наликува на онаа од 80`те години на минатиот век, а ќе изобилува со нови, многу поинтезивни и збогатени модни дизајни. Здолништето со асиметричен крој, го привлече најголемото внимание на неодамна одржаните модни ревии. Совршено се комбинира со различни стилови, но пред се ќе мора да внимавате да ги вклопите боите. Што се однесува до чевлите најмногу одговараат оние со блок пета или потполно равни чевли.

Мора да се согласите со нас дека овој модел е навистина интересен и несекојдневен и ќе преставувува вистинско пролетно освежуваење за сите нас.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР