Кул кидс е нова приватната градинка  во Кисела Вода, која е модерно опремена, просториите на градинката се наоѓаат во комплетно новоизграден простор, со големи занимални и е уредуван по највискои светски стандарди за да  ги исполни сите потребни услови за целодневен престој на дечињата. Располага со комплетна звучна и топлотна изолација, подно греење, прочистувачи на воздух, најнови дидактички средства за работа на активности по математика и литература, богата бибилиотека со литература за деца, енциклопедии и приватен сончев двор.

За нас детски развој претставува најубавото животно патување. Треба на ова патување да внимаваме и да ја храниме детската љубопитност, да ја потенцираме нивната креативност и да го негуваме нивниот индивидуален  талент.

За ова најважно детско патување се потребни и добри патокази. Тие патокази ги поставуваат родителите како први учители, а потоа е градинката која тие ќе ја одберат за своето дете.

Нашата задача е  заедно да работиме и соработуваме за среќата на детето и затоа создадовме нов концепт на пристап и едукација, кој вклучува индивидуалност , но и тимска работа со програма која е прилагодена според возраста на детето. Со програмата родителите и дечињата може детално да се запознаат секој ден во просториите на градинката од 8 часот до 17 часот.

Она што е карактеристично за нашиот концепт е потенцирање на уметничкиот развој кај децата. Работиме за познати уметници, класична музика, организираме скајп разговори со други светски градинки, учиме за нивната култура и уште многу други активностои кои ги работиме секојдневно.

Интересно е што, се она што го учат поголемите деца, го учат и малите, но нормално прилагодено за нивната возраст.

Она што сакаме до децата да доближиме е уметноста на музиката, сликањето, игрите на отворено, ориентација во природа, посети и екскурзии.

Активностите кои се работат се поделени во различни едукативни компоненти за децата и преку нив се запознаваат со науката  иекспериментите, истражување и прошетки во природа, уметност, литература, математика, животни вештини и практики. Со нив децата се насочени кон нивниот природен развој, како и на блиските релации и односи во својата општествена околина и  животна средина.

Затоа мотото под кое работи тимот на градинката, воден од сопственик и управител Марија Николовска Костов е дека основите на развојот кои се поставуваат првите години од животот на децата е поврзан со изборот на градинка, и претставува важен чекор за целото семејство. Преку учење на основите, но и воведување на  нови активности и елементи, децата се посамоуверени, имаат поголема самодоверба, учтивост, поголема концентрација за учење нови работи, а нивниот ден е исполнет со многу љубов и насмевки.

Градење на мрежа од комуникација помеѓу децата, родителите и градинката е клучот за среќа кај секое дете и љубов  да сака да оди во градинката во која ќе осознава нови работи, ќе другарува со другарчиња и ќе се подготвува за новите животни предизвици. Така се создава соработка и ко-изградба на знаењето кај децата. Секој родител треба да одбере градинка со која заедно во интеракција, стремејки се кон заедничка цел, да се изгради култура во која се почитува детството, времето и просторот за да можат децата да истражуваат, да создаваат и да бидат радосни.

Во тек се пролетните уписи во градинката. За подетални информации може да ја посетите fb страната или web сајтот со информации за контакт на градинката.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела
Следна објаваНајдобра до сега – пролетна колекција 2018 на ZARA!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР