Оваа колекција, би ја донела и самата Алиса во земјата на чудата, да кампува пред Икеа и да ги “истресе” сите картици. Ексцентричната стилистка Беа Aкерлунд, создаде една од најинтересните колекции за Икеа, каква никогаш не сме виделе.

Централниот мотив на колекцијата е цилиндерот. Станува збор за ограничена колекција, која ќе се најде во продавниците на шведскиот гигант за внатрешен дизајн, ексцентрична како и самата дизајнерка. Името на колекцијата е “Omedelbar”.

Беа Акерлун е всушност исклучително позната и почитувана стилистка. Лејди Гага, Ријана и Бијонсе се потпираат на ексцентричниот и идиосинкратски опус на оваа самопрогласена активиста. Нејзината естетика е секогаш моќна и секогаш намерна, а Мадона и е една од најлојалните клиенти.

Сега, Беа Акерлунд ја примени својата извонредна естетика во служба на Икеа и ги освојува нашите срца со мешавина од готски и холивудски гламур. Колекцијата  содржи вкупно 35 ентериери.

Ограничената колекција ќе биде достапна во Икеа од март 2018 година.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБело на црно – Рубен Гаљего
Следна објаваДизајн на ентериер – работа од соништата за младите креативци
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР