Близначките Лија и Ава Мари Клеменс се сметаат за најубави близначки на светот, а во меѓувреме тие станаа вистински ѕвезди на Instagram.

Титулите како што се “најубавите близначкии во светот” кои зборуваат за надворешни квалитети се прилично бесмислени, особено кога станува збор за натпревари во кои учествуваат деца.

Но, кога станува збор за овие близначки од Калифорнија, треба да признаеме дека овие убави девојчиња со неверојатно убави линии на лицата и хипнотички очи, потполно не маѓепсаа.

Не е изненадувачки што близначките Клеменс, на само седумгодишна возраст се успешни модели, кои Инстаграм ги протежира како “најубавите близначки во светот”.

Откако нивната мајка ја објави првата фотографија на близначките на Инстаграм во 2017 година, вистинскиот дожд од коментари не престана, а сите се идентични: “Ова се најубавите близначки на светот”.

Девојчињата во моментов имаат речиси половина милион следбеници и секако светла иднина, а ние не се сомневаме дека ќе ги гледнеме во годините што доаѓаат.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВеренички прстен за 2018 година: класика со доза на модерно!
Следна објаваБело на црно – Рубен Гаљего
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР