Ако некогаш сте сонувале да се преселите во Шпанија засекокаш, овој имот во Севиља мора да биде на вашата листа ( се разбира под услов да сте милионер).

Во сопственост на Џоан Херст Кастро (внука на Вилијам Рандоф Херст), оваа вила е речиси премногу добра за да биде вистинита. Вилата има површина од околу 3.000 м2, изградена во 1929 година од Анибал Гонзалес и ја следи традиционалната архитектура на Севиља. Во 1999 година, таа била целосно реставрирана и подобрена, па сега свети со својата стара слава, но исто така, нуди и некои современи удобности, како што е подното греење.
 Со петнаесет спални соби и исто толку купатила, овој луксузен имот доаѓа со 152 хектари земјиште, што го прави еден од најважните во Шпанија.


Тука се наоѓа и тор за бикови, со мексикански рачно изработени дрвени детали, испосничка ќелија за религиозни прослави и масивен павиљон за релаксација од 750 м2.

Во рамките на павиљонот има бар со мексиканска декорација, андалузијски подрум,  прекрасна кино сала, сала за билијард, кујна и голем базен.
Сепак, тоа што е најдобро, е фактот дека оваа вила доаѓа со неколку чистокрвни коњи и два простора за дресирање.
Со цена од 13,5 милиони евра, ќе добиете мебел, декорација, кочии, антиквитети,  добиток и неколку костими за матадори.
Бидејќи овој имот е огромен, потребни ви се седумнаесет луѓе за негово одржување, така да и тоа мора да го земете во предвид.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР