Направете едноставна и многу ефикасна портокалова свеќа која ќе го декорира вашиот дом за време на зимските ноќи и ќе ја наполни внатрешноста на домот со свежа арома.

Портокаловата свеќа не само што е прекрасна декорација, туку и ќе го наполни ентериерот со прекрасен мирис од ароматичните каранфилчиња.

За да го направите овој свеќник ви треба:

портокал
каранфилчиња
мала свеќа
молив
нож,
лажиче
чепкалка за заби

Одберете убав портокал, со прилично правилна топчеста форма и нацртајте го со молив обликот на свеќата на кората.

Исечете го обликот со нож и со лажиче отстранете ја кожата и месото на плодот  до длабочината на свеќата.

Со помош на чепкалката за заби, направете дупки во портокалот, според одбраниот модел.

Ставете во дупките ароматични каранфилчиња и направете украсни шари.

Уживајте во добро друштво и чаша топло вино!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗимска свадба: предности и недостатоци!
Следна објаваКруша во облик на Буда!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР