Мермерни работни плочи, трендовски плакари и големи кујни можат да чинат многу, но тоа не значи дека само со овие елементи, можете да имате модерен изглед на кујната …

Сите ја немаме истата количина на пари за трошење, како ни место во станот или куќата, за да изгледаат нашите кујни како од американските филмови или списанија за внатрешен дизајн. Сепак, со неколку едноставни совети и детали – и вие можете да имате кујна од вашите соништа, без оглед на нејзината големина!

Саксии со цвеќе
Цвеќето не е само за на тераса. Поставете една или две големи саксии со раскошно зеленило и целиот изглед на кујната ќе се крене на повисоко ниво.

Спа момент во кујната
Секако, сите ги знаеме моментите во кои на брзина сме ги измиле рацете во кујната. Тоа не се случило еднаш, двапати, туку неколку пати, па зошто тогаш не внесете во кујната мал спа агол. Или поедноставно – сипете го детергентот за перење на садови во елегантно пакување, а до него ставете мал сапун за “хитни” ситуации.

Уметност на работната плоча
Наместо дупчење на ѕидовите, на еден дел од работната плоча кој не се користи многу често, можете да поставите една или две слики, кои секој пат ќе ве израдуваат додека готвите.

Уметност на ѕидот

Ако немате простор на работната површина, креирајте галерија со слики на празниот ѕид. Интересно, уникатно и убаво!

 За главните производи – посебно место

Првиот чекор е, се што можете, ставете во затворените плакари во кујната, така да тие не прават голема збрка.  Главните производи што се користат секојдневно, како што се сол, масло и оцет, можат да се стават на мал послужваник, така што заедно создаваат целина, а во исто време претставуваат уникатен и функционален детал.

Декоративните чинии поставете ги на ѕидот
Сигурни сме дека имате стари чинии кои повеќе не ги користите, а кои се убава рачна изработка. Наместо да ги криете во плакарите, поставете ги на ѕидот и ќе добиете декорација во моментот.

 

Старинска патека
Можеби патека во кујната не ви звучи како идеална работа заради трошките и секојдневното чистење, но мора да признаете дека изгледа одлично и дава топлина во оваа соба.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобар маникир според формата на ноктите!
Следна објаваЗимска свадба: предности и недостатоци!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР