Исклучително популарен тренд во декорирањето на домот е внесување на големи  парчиња мебел и уметност, бидејќи овие предмети создаваат исклучително впечатлив амбиент …

Покрај тоа, во корист на популарноста на овој тренд, факт е, дека доволно е да поседувате и само едно големено парче мебел или слика, за да стане тоа главната точка во целокупниот простор.

Многу популарен тренд при дизајнирање на ентериерот, е голем отоман, кој воедно е совршен елемент во домаќинството за повеќето дневни и спални соби.

Таков отоман може да даде стил во вашиот домашен декор, дуплирајќи ја својата функција како маса за кафе или обезбедување простор за складирање на нештата.

Овие големи отомани не треба да бидат ограничени само за дневната соба, бидејќи нивната употребна вредност е подеднакво интересна и корисна во библиотеката, домашната канцеларија или во купатилото, односно во секој дел од домот каде што сакате да создадете стилска атмосфера и удобно место за седење.

Сомотот и кожата се идеални за додавање на текстура во просторот, а со вакви парчиња, речиси секогаш доаѓа простор за складирање, лоцирано под седиштето.

Ткаенините можат да изгледаат богато и традиционално ткаени, давајќи му гламурозна, елегантна нота на ентериерот, а регуларните материјали, од друга страна, изгледаат далеку помодерни.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПосетете го фестивалот на фенерите во Тајван!
Следна објаваУспешно клонирани мајмуни Hua Hua и Zhong Zhong во Кина!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР