Модна колекција која изобилува со елементи кои му припаѓаат на надреализмот како правец во уметноста. Црно-бели шаховски полиња, птици и кафези, се само мал дел од мотивите преставени во креациите на модната директорка на Christian Dior, Maria Grazia Chiuri.

Како главна инспирација при создавање на моделите на  дизајнерката била креацијата наречена “DRAGS” која патем била создадена во далечната 1948 година токму од страна на самиот Dior.

Што се однсеува до надреалистичките елементи овој пат како дополнителна инспирација и била уметноста на една од најзначајните женски фигури во надреализмот а тоа е Leonor Fini. Како куриозитет треба да се спомене дека Leonor ја имала својата прва изложба токму во оваа модна куќа во 30те години на минатиот век се разбира со голема поддршка на Диор.

Највпечатлива комбинација која преовладува во колекцијата е секако црно-белата, која пак создава една оптичка илузија при гледањето на шаховски распоредените црно-бели полиња.

И завршните моменти на модната ревија дизајнерката ќе и ги посвети на жената-уметница. Овој пат црниот струкиран смокинг кој патем, воопшто не изгледа андрогино туку напротив е многу женствен и е посветен на Dorothea Tanning исто така позната американска уметница и сценографка, чија уметност се граничи со надреалното.

Во  интервјуто за едно престижно модно списание дизајнерката ќе изјави,  дека колекцијата ја посветува на духовната слобода која ја поседува современата жена.

Погледнете ја оваа модна бајка, навистина е надреална!

i

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР