Некои градови ве освојуваат на прв поглед, а другите полека, со својата убавина…Севиља дефинитивно е еден од тие градови …

Нејзиното историско средиште со кое управува колосалната готска катедрала, претставува опојна мешавина на величествените палати на Мудејар, барокната црква и средновековните кривулести патишта. Фламенко клубовите содржат интимност и ја промовираат вековната традиција, додека аристократските вили ве враќаат во минатото на градот.

Дополнителната промоција Севиља ја заработи со серијата Game of Thrones, што нема никаква врска со реалната популарност на овој град, кој се наоѓа на врвот на листата на најинтересни градови што вреди да се види во 2018 година, според текстот на Lonely Planet.

Реално, на главниот град на шпанската провинција Андалузија, не му е потребна дополнителна промоција, бидејќи се работи за еден од најубавите градови во Јужна Европа со неверојатни културни споменици, како што се Royal Alcazar Palace, Castillo de Almodovar  или катедралата од 16 век, која е најголема готска црква во светот.

Андалузија не може да се замисли без Севиља, нејзиниот главен град, познат по коридорите, операта Севилскиот берберин, родниот град на Дон Жуан, вкусната храна и маварската архитектура.Последниве неколку години градот работи на еколошкото освестување, поттикнувајќи ја употребата на велосипеди. Во 2018 година, Севиља ќе биде домаќин на 31. Европски филмски фестивал, а исто така се слави и 400 години од раѓањето на севилскиот сликар Бартоломео Муриљо.

Историскиот центар на Севиља се наоѓа на левата страна на реката Гвадалкивир, тука се наоѓаат и интересни области: Санта Круз, Сан Лоренцо и Ел Аренал, додека на десна страна се наоѓа Арараб.

Antiquarium & Parasol – урбано место во градот

Кога станува збор за храната, мора да го посетите најстариот тапас бар во градот El Rinconcillo, кој датира од 1670 година.

Ако сакате да ја посетите Севиља оваа година, најдобро време за тоа е во текот Semana Santa (Света Недела, која трае од 29 март до 5 април), кога улиците се полнат со луѓе кои ги означуваат последните денови од последната недела на Христовиот живот. Бројни црковни братства учествуваат во процесиите, кои прикажуваат библиски сцени и статуи, во долги облеки и интересни капи.

Борби со бикови во Плаза дел торос

Најважнната уметничка збирка на Севиља се чува во Музејот на ликовните уметности кој е основан во 1835 година, каде можат да се видат делата на Бартоломео Муриљо, Франсиско Зурбаран, Хуан Валдес … Посетете го и Археолошкиот музеј, Музејот на уметноста и традицијата, Музејот на фламенко уметност ..

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDIOR: модна колекција есен 2018!
Следна објаваNorwegian Bliss – масивен крузер со поинаква забава!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР