Од асиметрични кроеви до кожни парчиња во боја, така накратко може да се опише последната модна линија за сезоната пролет-лето 2018, на креативната директорка на модната куќа Céline, Phoebe Philo. Кон крајот на декември  минатата година, таа и официјално го напушти раководното место во куќата. На нејзино место е поставена Hedi Sliman која претходно беше главна фигура во Saint Laurent.

Нејзините модни парчиња се пред сé удобни и со минималистички шик, а наменети се за современата и урбана жена. Како такви тие за кратко време станаа препознатливи и прифатени ширум светот.

Во продолжение погледнете ја колекцијата, навистина е прекрасна!!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР