ОВЕН

Љубов

Сè повеќе ќе се занимавате со вашиот приватен живот и желбата за љубов. Мали недоразбирања или грешки во чекорите, ќе бидат од минлив карактер. Се ќе биде во ред, само вие обидете се да излезете и да побарате друштво, доколку се уште сте сами.

Работа

Тие што бараат работа, би можеле да бидат поканети на деловен разговор, кој ветува. Не е исклучено да добијат работа. Другите кои веќе работат, ќе ги покажат своите емоции на работното место и навистина ќе уживаат во нивната работа. Ќе бидете многу задоволни.

Здравје

Барајте хоби во група со повеќе луѓе.

БИК

Љубов

Ќе станете по-друштвени, бидејќи околностите ве наведуваат на тоа. Сепак, вашето  срце веројатно нема да биде целосно исполнето. Ќе излегувате во поголеми групи на луѓе и нема да се чувствувате осамено. Добрата забава е загарантирана, но ништо повеќе од тоа.

Работа

Атмосферата на работното место ќе биде добра. И покрај повремениот замор, ќе работите полесно. Односите со колегите исто така ќе станат подобри. Малата  несмасност во вашето изразување, ќе ја надоместите со љубезен став и сериозна работа.

Здравје

Индивидуалниот спорт би бил добар за вас.

БЛИЗНАЦИ

Љубов

Ако се уште сте сами и барате љубов, најверојатно ќе мечтаете. Ова се денови кога повеќето од вас ќе се потсетуваат на некои стари љубовни спомени или ќе читаат меѓу редови гледајќи во својата најдрага личност. Тоа нема да биде здодевно, но не и сензационално.

Работа

Што и да се најде на дневен ред, вие ќе бидете главен координатор на работа или дипломат кој со своите комуникациски вештини ќе ги насочи работите таму каде што е потребно. Вашите потези ќе добијат на важност, затоа бидете внимателни што работите.

Здравје

Би било добро да отидете во природа и да ги наполните батериите.

РАК

Љубов

Вашата потреба да бидете заштитени ќе биде се посилна, а со тоа оди и живот во помирни води. Барем кога станува збор за љубовта. Веќе нема да ви бидат важни настаните, туку  ќе можете да уживате во многу мали и обични ситуации. Тоа е зрелост, без разлика на пари, важен е партнерот.

Работа

Тоа за што се борите е во ред, но треба подобро да соработувате со другите. Барем сега. Некои, ќе бараат да ја подобрат својата стручност. Тие што ќе се определат за учење, сигурно ќе имаат корист. Студентите кои учат со љубов, ќе имаат добри  резултати.

Здравје

Ќе имате планови за подолго патување.

ЛАВ

Љубов

Добри денови се пред вас. Ако нешто се спречило помеѓу вас и вашиот партнер, сега ќе се отвори и ќе почнете повторно да го наоѓате заедничкиот јазик. Ќе има уште понекое несоодветно однесување, но тоа не е така важно.

Работа

Следат нови професонални и поголеми барања од вашите претпоставени. Само што  сега, дури и вие ќе видите дека и тие можат да бидат многу амбициозни. Исто така, сега ќе испливаат на површина резултатите од една од вашите претходни работи, што ќе го крене вашиот рејтинг во работната средина.

Здравје

Спортувајте.

ДЕВИЦА

Љубов

Некои конечно ќе можат да ги отворат своите срца и да се ослободат од пречките или фрустрациите кои ги кочеа. Тоа ќе биде голем чекор напред во вашите емотивни односи. Другата страна ќе ве поддржи и сака.

Работа

Повеќе ќе сорабатувате со младите луѓе на работа. Тоа ќе ви донесе освежување и радост. Исто така, ќе ја зајакнете кореспонденцијата, а количината на е-маил поштата ќе се зголеми.

Здравје

Мали нервози и грижи.

ВАГА

Љубов

Ќе играте на картата – наивност, ноншаланција и шарм. Всушност, тоа најдобро ви оди од рака во вашиот приватен живот. Ако се обидете да зборувате малку посериозно со другата страна, ќе наидете на хаос. Или обратно. Затоа молчете и едноставно – сакајте.
Работа

Некои од вас ќе веруваат дека имаат посебни таленти, но во реалноста ќе сфатат дека сепак, ги немаат. Па така, ќе си се смеат сами на себе или ќе истрпат по некоја фрустрација. Брзо ќе продолжите со поголеми и сериозни работи.

Здравје

Не бидете материјалист. Духот движи сè.

ШКОРПИЈА

Љубов

Ќе бидете активни во создавање на нови контакти, па ако сте сами, брзо ќе најдете некого. Барем, убав познаник. Младите меѓу вас ќе имаат добра забава, но без подлабоки љубовни претензии.

Работа

Ќе сонувате за подобра работа и поголеми права. Тоа не е невозможно, но прво треба да го одработите тоа што ви е дадено. Соработката и понатаму ќе биде клучот на вашиот успех. Слушајте ги другите, бидете кооперативни, па и тие вас ќе ве поддржат.

Здравје

Мали грижи и нервози.

СТРЕЛЕЦ.

Некој од вашите познаници или пријатели би можело да ви се допадне. Можеби ќе се двоумите дали да го сочувате убавото пријателство или да се впуштате во страсна врска. Во секој случај, ако го слушате своето срце, не можете да погрешите. Тие кои се во врски, ќе бидат во ред.

Работа

Домашната среќа оваа недела ќе биде вашата главна преокупација. Работајќи во домот или во чинот на дејствување, работите ќе се одвиваат спонтано и организирано.

Здравје

Ќе го анализирате вашето минато.

ЈАРЕЦ

Љубов

Интелектуалното ниво на емоционални односи ќе биде задоволително, а сè останато ќе ве наведе на незадоволство, расправии или кавги. Затоа разговарајте, но не инсистирајте на прегратки. Тие треба да почекаат малку подобри времиња. Сè ќе дојде  на свое, само трпеливост.

Работа

Вашите финансии конечно, колку-толку ќе се стабилизираат. Во исто време, ќе се отвори нова мрежа на деловни соработки, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со потенцијалните колеги и заедно работете. Така ефектот ќе биде поголем.

Здравје

Не можете без да патувате, па така и сега.

ВОДОЛИЈА

Љубов

Радост заради луѓето кои ги сакате, убави забави без некои амбиции, релаксација во секој момент од друштвениот живот – сето ова е можно да се доживее овие денови. Бидете отворени, имајте доверба во тие што ве сакаат и ќе бидете среќни.

Работа

Вие не сакате да се занимавате со сè и со сите, но ќе морате да ги решите заостанатите задачи. Станува збор за мали работи, околу кои нема потреба да бидете нервозни. Прифатете го тоа како дел од работата кон која одите, со цел да стигнете до нешто подобро. Штедете ја силата.

Здравје

Гледајте добар филм, најдобро комедија.

РИБИ

Љубов

Ќе има помали случувања, но вашиот љубовен живот сè уште ќе биде добар. Можно е да ги намалите вашите излегувања и да уживате повеќе дома во друштво на вашата сакана личност. Тие кои се уште се сами, љубов би можеле да најдат во поголемо друштво или на патување.

Работа

Погледнете малку подобро околу вас и ќе најдете многу колеги кои едвај чекаат да направат нешто. Потребно е подобро да се поврзете и да осмислите по кавлитетен  организациски план. Кога тоа ќе го направите, само треба да го следите истото. Тргнете од себе, а останатите ќе ве следат.

Здравје

Не дозволувајте ништо да ве извади од такт.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКардиган од Zara на намалување – го носат познатите!
Следна објаваДоделени престижните “Hasselblad Awards”!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР