Highlighter-от е вистински чудотворец, заради кој нашето лице изгледа подобро, поздраво и посвежо!

Истакнување на лицето со highlighter, сè уште е наш омилен дел од шминкањето… Но како правилно да го нанесеме и со најдобар резултат?

Треба да внимавате каде го нанесувате, бидејќи тенка е границата помеѓу здравиот сјај и ризикот да изгледа како диско топка. Важно е да знаете да го примените на вистинските места.

Ова се 8 точки на лицето, кои се идеални за нанесување на highlighter.

1. Чело
Тука има мал трик. Измешајте многу малку од highlighter-от со вашата пудра во прав и нанесете на челото (внимавајте да не претерате). Како резултат на тоа, ќе добиете кожа која изгледа исклучитечно негувана и здрава.

2. Внатрешниот агол на окото
Оваа точка ќе ви ги отвори очите, а вие ќе изгледате свежо.

3. Врв на носот
Нанесете од highlighter-от по должината на носот се до врвот. Овој трик ќе го истенчи вашиот нос.

4. Под веѓите
Ќе ги направи вашите очи поголеми и поотворени.

5. Помеѓу горните усни
Како допир, нанесете highlighter со врвот на прстот во малата вдлабнатина на горната усна.

6. Усни
За да изгледаат вашите усни полни, нанесете highlighter на средината на долната усна, па потоа нанесете руж за усни.

7. Образи
Нанесете highlighter на горниот дел на образите, така го нагласувате вашето лице.

8. Цело лице
Овој трик ќе ви послужи добро за деновите кога не сте добро наспани. Измешајте ја вашата пудра во прав со малку highlighter, нанесете на лицето и ќе му даде здрав сјај.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗаедничките елементи на архитектурата и модата!
Следна објаваСнежана како главен протагонист на колекцијата Zara x Disney!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР